БЛИСКИ НА ПОЧИНАТИОТ ОД КОВИД ДО ФИЛИПЧЕ: 32-годишниот Милош не побара доцна лекарска помош, туку не ја доби на време

/ 09.02.2021

Министерството за здравство вчера информираше дека меѓу починатите пациенти од коронавирус, е и 32-годишник од Скопје. Членови на неговото семејството се огласија преку социјалните мрежи нагласувајќи дека починатиот Милош навреме побарал лекарска помош, но не ја добил.

-Денес 32 годишен скопјанец ја загуби битката со коронавирусот…. не, Венко Филипче, Милош Бисовски не е само статистика. Без претходни коморбидитети, на 24.01.2021 добива позитивен тест на коронавирус, на 26.01. веќе бара лекарска помош. Со крвна слика која и лаик да ја види ќе сфати дека нешто не е во ред, висока температура, дијагностицирана пневмонија и сатурација 93- 2 пати го враќаат дома да пие Трицеф. Милош не побара доцна лекарска помош, ја побара но не ја доби на време. Можеби ако здравствениот систем функционираше како што треба, денес немаше толку срца да бидат скршени и едно осум месечно бебе да остане без татко, пишува Наде на Фејсбук.

Со свој коментар се огласи и сопругата на младиот скопјанец.

-Милош не само што побара туку пристојно замолуваше за соодветен третман, а тие вашите господине Венко Филипче наместо да кажат да си го бараме чарето го оставија на домашна нега за подоцна истите тие да кажат дека е доцна хоспитализиран… И точно не е тој статистика тој е една изгубена надеж во нашето семејство ама совеста ви знае за понатаму, пишува сопругата на Милош, Бранкица.

Вчера од Министерството соопштија дека во изминатите 24 часа биле пријавени 22 смртни случаи од Ковид-19.

Извор: Курир


Од истата категорија