Меѓународниот аеродром во Хонг Конг ги откажа сите летови поради протестите што траат веќе 10-та недела во таа држава. Ситуацијата денеска е влошена, јавија локални медиуми.
Од денеска откажани се сите слетувања и полетувања, соопштија од аеродромот.
Демонстрантите упаднаа во зградата на главниот терминал и оневозможуваат работа на аеродромот.
Неколку илјади демонстранти денеска се во таа зграда на аеродромот иако нивното протестирање таму требаше да заврши синоќа. Хонгконшката авиокомпанија Катај пасифик, се закани со отпуштања од работа на свои вработени кои ги поддржуваат, како што наведоа во соопштение, „незаконски протести“.