Социјалната мрежа „Фејсбук“ развива сопствена крипто-валута со која корисниците на месенџерот „ВатсАп“ ќе можат да извршуваат парични трансфери, пренесе Блумберг, цитирајќи информирани извори.
За разлика од другите крипто-валути, оваа на „Фејсбук“ ќе биде приврзана за американскиот долар за да ја минимизира својата нестабилност. Во почетокот, од новата дигитална валута ќе имаат корист потрошувачите во Индија.
Во моментов, „Фејсбук“ развива стратегија за крипто-валутата, вкл. планови за депозитни средства во заедничка валута, за да се обезбеди нејзината стабилност.
Апликацијата за размена на криптирани пораки, „ВатсАп“ ужива голема популарност во Индија, каде што се користи од повеќе од 200 милиони луѓе. Покрај тоа, земјата е светски лидер во парични трансфери – само во 2017 година, Индијците испратиле 69 милијарди долари во својата татковина.
Факторот за одлуката на „Фејсбук“ е, исто така, бројот на интернет корисници во земјата. Индија, со своите 480 милиони потрошувачи, отстапува само пред Кина по овој индикатор. Сé уште не е познато кога компанијата ќе го лансира својот проект во земјата.