Минималната плата во Бугарија од 1 јануари 2019 годиан ќе изнесува 560 лева или 280 евра. Зголемувањето во однос на оваа година ќе изнесува 9,8 отсто.

Од Владата на Бојко Борисов оцениле дека ова зголемување претставува израз на приоритетот на Владата за континуиран раст на животниот стандард на населението.

Проценка е дека ова зголемување ќе придонесе за поголема мотивација за барање работа на оние групи бугарски граѓани кои не можат да се вработат на подобро платени работни места, а тие работни места што се слободни, но минимално платени ги одбиваат.

Пресметката покажува дека работниот час во Бугарија минимално ќе биде платен со 3,37 лева или околу 1,68 евра.