Богдан Илиевски- Бетмен: „Браќа до крај. Браќа за цел живот!“

/ 15.03.2019

Богдан Илиевски- Бетмен објави фотографија на Фејсбук, на која се тој, Владо Јовановски и Борис Дамовски и Игор Дурловски, со познатиот знак за Обединета Македонија. Фотографијата е пропратена со коментар на Илиевски: „Браќа до крај. Браќа за цел живот!“, и најверојатно е поставена во знак на поддршка, бидејќи Дурловски денеска треба да ја слушне пресудата за 27 април.

Оперскиот пејач Игор Дурловски попладнево во Кривичниот суд ќе дознае дали е прогласен за виновен или ќе биде ослободен од вина за случувањата на 27 април во Собранието. Тој е единствениот од четворицата на фотографијата кој не го искористи правото за амнестија, па затоа продолжи да му се суди.


Од истата категорија