Извесната Вивиан Т. Арфарас објави писмо во еден локален весник на Флорида, САД, во кое обелоденува скандалозно одржување на литургии во сослужување на грчки свештеник. Неговото име не го спомнува, но тоа што тој го проповедал е повеќе отколку да се крстиш со лева рака. Практично станува збор за една систематска лага која се повеќе и повеќе се шири низ грчките цркви.

Потписничката на писмото наведува дека како долгогодишен член на Грчката православна црква раководела со црковен хор во грчка црква на Менхтен, а пеела и соло.

– Тоа што неодамна го видов, а што е многу вознемирувачко, е дека многу грчки попови не се на иста страна во теолошка и во библиска смисла. Се погоди да слушам грчка радиостаница со седишпте во САД на која гостуваше, еден од многуте, грчки попови од Грција. Тој проповедаше дека Исус бил Грк, се наведува во писмото објавено завчера.

Но, потписничката на писмото, која ја знае генеологијата на Исус, потестува дека во еврејската традиција семејната линија се смета по мајката.

– Сум слушнала и други грчки свештеници кои инсистираат на тоа дека Исус бил Галилеец, па затоа и е Грк, зашто Галилејците биле Грци, што јас ова прв го слушам, истакнува таа во писмото.

Вивиан Арфарас заклучува дека ваквите предавања се израз на „фундаментализам“ и „антисемитизам“.

Таа на крајот од писмото се обраќа до грчкото свештенство да соберат храброст и да одговорат на нејзиното прашање: Дали Исус Христос бил Евреин?