Новите претседателски авиони на САД, во вредност од 3,9 милијарди долари, може да бидат испорачани со едногодишно задоцнување и да чинат дополнителни 500 милиони долари.
Во јули 2018 година, Боинг доби договор од 3,9 милијарди американски долари за изградба на два авиони 747-8 што ќе служат како претседателски авиони – Air Force One – со датум на испорака декември 2024 година, а компанијата сакаше да ја одложи испораката на авиони на една година поради проблеми со Ковид-19 и добавувачи.
Компанијата предупреди и дека цената на авионите, што сега треба да бидат испорачани во 2025 година, може да се зголеми за дополнителни 500 милиони долари.
Боинг 747-8 е дизајниран да биде како Белата куќа во воздух, способен да лета во најлошите безбедносни сценарија, како што е нуклеарната војна, и е модифициран со воена аеронаутичка електроника, напредни комуникации и систем за самоодбрана.
Во моментов се користат како Air Force One два Боинг 747 од 90-те години на минатиот век, а од 40-те години на минатиот век, седум различни типови авиони се специјално дизајнирани за превоз на американскиот претседател.