Компанијата Боинг соопшти дека не ги информирала пилотите и авиопревозниците со месеци дека еден од индикаторите за безбедност во пилотската кабина на авионот 737 Макс не работи како што треба.

Тој факт бил соопштен на авиопревозниците откако еден од авионите од тој модел се урна во Индонезија минатата година.

Предупредувачкиот сигнал од индикатгорот укажувал на пилотите дали некои од сензорите оддаваат погрешни информации. Целта му била да предупредува за грешки во работата на сенозорите за какви се сметаат засега, причините за уривањето на авионите од тој тип на Боинг во Индонезија и во Етиопија.

Сензорот работел на претходни модели на Боинг 737, но бил исклучен на моделот 737 Макс.