Помните ли како БСП дојде на власт со кабинетот на Орешарски? Костинброд зар не беше лажна информација?
Тоа е прашањето што го поставил бугарскиот премиер Бојко Бориосв по повод напливот на информации против него во Бугарија, кои тој ги оценува како „лажни вести“:
„Сега почнаа со младите од ГЕРБ. И велат на некоја девојка Борисов и купил за 12,5 милиони, не знам што, а јас името не и го знам и можам да се заколнам во двата внука. После сум купил имот, каде беше тоа, во Лос Анѓелес, каде што сум ги правел оргиите. Јас никогаш не сум бил во Лос Анѓелес. Моите патувања во САД се во Белата куќа и слично, можат да се проверат од час во час. После, велат, е ќерка му во САД „летала“ со 300 км на час со „бугати“. Таа е во осмиот месец бремена, лежи, ќе се породи секој момент, ама летала со бугати. После куќа во Барселона. Пред тоа остров во Грција. Излегува човекот и вели: Тоа е моја куќа, а јас не знам ни каде е тој остров. Но, пак продолжуваат“, рекол Борисов во Варна по повод секојдневните лажни вести против него, за на крајот да се прекрсти.