Екс премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, пред малку е ослободен од притвор, а по излегувањето на слобода беше пречекан од поддржувачи.

„Одвратно, брутално, не вратија во комунизмот. Синоќа вечеравме со децата, влегоа цивили, униформирани лица. Ја тресеа цела куќа“, беа првите зборови на Борисов по ослободувањето.

Според неговите зборови, немало обвинение против него, пренесе нова.бг.

Тој беше уапсен синоќа по пријава на еден од бугарските олигарси дека го рекетирал за 30 милиони евра.