Речиси два часа траел видео- разговорот помеѓу американскиот претседател Џо Бајден и неговиот кинески колега Си Џинпинг на кој главна тема за дискусија била руско-украинската криза.

Иако од Белата Куќа се уште нема официјални информации за текот на разговорите, според информации од одредени светски медиуми, Бајден го предупредил својот колега дека Кина ќе плати голема цена доколку ја поддржи руската инвазија врз Украина но и дека земјата ќе се соочи со изолација.

Засега нема потврда за тој дел од разговорот, па е нејасно дали навистина се случило такво предупредување или тоа е само дел од пропгандата на западните медиуми.

Кинескиот претседател Си Џинпинг пак истакнал дека Кина и САД имаат заедничка одговорност да осигураат мир но и дека Украинската криза е нешто што не е во ничиј интерес

-Како постојани членки на Советот за безбедност на ООН и како двете најголеми светски економии, ние само што треба да го водиме развојот на релациите помеѓу Кина и САД на правилниот пат, треба да застанеме рамо до рамо и за нашата интернационална одговорност и да направиме обиди за да обезбедиме светски мир – изјавил Си.