„Фејкњуз генераторот кАнал 5 продолжува со ширење невистини во емисијата САМО ПРОПАГАНДА за и околу движењето #Бојкотирам.
Како прво и основно Филип никогаш не бил дел од движењето #Бојкотирам, а уште помалку бил еден од челниците кои не ни постојат во движењето.
Ние немаме ништо против ако некој се самоидентификува со движењето но за да биде дел треба да се придржува до ЕТИЧКИОТ КОДЕКС.
Впрочем движењето #Бојкотирам се заснова на хоризонтална мрежна поставеност и не е пирамидална структура со челници/лидери.
Тоа е прво и основно правило во етичкиот кодекс на самото движење. Затоа и самото движење има проблем да ги прифати Бачефци и Филиповци бидејќи они љубат да бидат на врвот на пирамидата, а нашата структура е мрежна, а не пирамидална.“
Ова е реакцијата на движењето „Бојкотирам“ по најавата на Канал 5 и емисијата „Само вистина“ во која вечерва гостува Петровски, а при што тој е претставен како еден од челниците на движењето кој бил спречен да говори на синоќешниот протест во Скопје одржан против капитулантските уставни измени според барањето на Грција.