По однос на прашањето за референдум, односно прашањето коешто го наметна лидерот на опозицијата, Венко Филипче е прашањето: дали сте за ЕУ. Ќе се потсетиме дека ние имавме исто такво референдумско прашање со владата на Заев, и тука апсолутно можам да истакнам дека прашањето е апсолвирано, бидејќи оваа Влада недвосмислено одговара и кажува и докажува, со факти и со аргументи, не само декларативно дека е за влез во ЕУ.  Со конкретни чекори, еве веќе и од меѓународни институции, и од Европската комисија се истакнуваат чекорите кои не придвижуваат до европската интеграција“, истакна Драгана Бојковска, пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на гостување во дебатната емисија „24 Анализа“ на ТВ24, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го објавува интегрлано.

Според Бојковска, европската интеграција пред се значи спроведување на суштински реформи во интерес на граѓаните и исполнување на реформската агенда.

„За мене, интеграција во ЕУ пред се  означува носење на реформи дома, реформи за граѓаните, исполнување на реформската агенда. За мене е големо признание што нашата држава има одобрување од Европската комисија за 65,7 милиони евра во коишто сме повторно фронтранери по однос на исполнување на реформската агенда, го чекаме јунскиот извештај во којшто повторно очекуваме овој износ да се дуплира по однос на исполнување на реформите“, посочи пратеничката Бојковска.

Таа додаде дека ВМРО-ДПМНЕ презема вистински чекори за влез во ЕУ, преку носење на реформски закони и спроведување на конректни политики.

„Ако некоја влада и ако некое парламентарно мнозинство прави вистински чекори за влез во ЕУ, тоа е оваа Влада на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и парламентарното мнозинство како значаен чинител со носење на реформските закони во Собранието и низа други активности коишто се признаени од страна на ЕУ. Можам да го потенцирам  тука и Договорот  за одбрана и безбедност со ЕУ којшто исто така за мене е приближување кон ЕУ“, децидна е Бојковска.

фото: Архива