Аргентинска пресметка ќе гледаме во финалето на најсилното јужноамериканско фудбалско клупско натпреварување Копа Либертадорес, откако ноќеска Бока Јуниорс одигра нерешено 2:2 на гости кај бразилски Палмеирас.
На првиот дуел Бока победи со 2:0 и со вкупни 4:2 оди во финалето каде за противник ќе го има лутиот ривал Ривер Плејт.
Головите за Бока Јуниорс на дуелот во Сао Пауло ги постигнаа Абија во 18. минута и Бенедето во 70. минута. За бразилскиот тим погодија Луан во 53 и Гомез во 60. минута.
Натпреварите за трофејот се закажани за 7 и 28 ноември.