Милан ја победи Џенова со 2:1 во заостанат натпревар од 1.коло на италијанската Серија А. Натпреварот се одигра синоќа на „Сан Сиро“ во Милано и помина во знакот на домашниот капитен Алесио Ромањоли кој најпрво ја затресе сопствената мрежа, а во судиското надополнување им донесе победа на „росо-нерите“.

Македонскиот репрезентативец кој настапува за Џенова, Горан Пандев во игра влезе во финишот на натпреварот и одигра само осум минути.

Со новите три бода, Милан се проби на 4.место на табелата и сега има вкупно 18, десет помалку од лидерот Јувентус и четири од второ и трето пласираните Интер и Наполи.

Џенова е 11-та со 14 бода.