Обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13 на денешното рочиште за аферата „Меѓународен сојуз“ ги откри имињата од власта кои го поддржувале во проектот за изградба на Европски центар за возрасни лица.
Тој тврди дека тоа бил одржлив проектот кој го препознале и бизнисмените кои доброволно сакале да учествуваат во изградбата. Боки 13 вели дека нема земено ни денар од Буџетот на државата и оти е горд на тоа.
– Мојот договор со ГП Пелистер не падна од небо туку беше преку посредници, а вистиниските посредници ќе се дознаат преку кривичните пријави. Мила Царовска ја донесе Лилјана Тодоровска која е автор на проектот кај мене. Имав и прием и поддршка од Зоран Заев и од Оливер Спасовски, рече Јовановски.
Затоа тој уште еднаш побара да се вештачи неговиот мобилен телефон за да се види со кого се имал средби и контакти.