Бојан Јовановски, на јавноста познат како Боки 13, во еден од деловите од документарниот филм ,,Рекет“ ја отвора темата за задкулисните врски и парите кои, според него, циркулирале во предизборниот период во 2017 година од страна на СДСМ предводена од Зоран Заев. Во своето сведоштво, Јовановски тврди дека СДСМ фрлала пари насекаде, а ги споменува и имињата на поранешните градоначалници Стефан Богоев и Петре Шилегов како дел од таа мрежа на политички и финансиски договори.
„Јас сум човекот кој по мое лобирање го предложи Стефан Богоев за градоначалник на Карпош,“ вели Јовановски, тврдејќи дека Петре Шилегов, тогаш кандидат за градоначалник на Скопје, му се обратил со предлог за меѓусебна поддршка.
„Петре Шилегов кој што ми се јави, ми вели ќе го поддржам Богоев за градоначалник на Карпош, а ти поддржи ме мене за кандидат за градоначалник на Скопје“, додава Јовановски.

Јовановски сугерира дека „не се знаело од каде доаѓале сите тие пари“, опишувајќи „црни ќеси полни со готовина“ кои, според него, биле користени за финансирање на изборните активности.
,,Не се знаеше од каде се не земаа СДСМ пари за изборите локални 2017 година. Тоа беа црни врeќи полни со пари кои што СДСМ ги имаа за изборите 2017 година“.
Јовановски вели дека Богоев земал мито за секакви дозволи и правни акти преку посредници.
„Јас бев човекот кој што ја финансирав кампањата на Стефан Богоев. И за волја на вистината ова се само дел од комуникациите помеѓу мене од Стефан Богоев, а Стефан Богоев кога седна во градоначалничката фотелја е првиот кој што ми го заби ножот во грб. Никогаш не ми ги врати парите што ги дадов за кампањата, ме заглави со пари и Стефан Богоев беше човекот кој што земаше мито за секаква дозвола и секаков правен акт да биде легислативата исполнета, преку двајца тројца пајташи наплаќаше се“.




