Македонскиот водител Бојан Јовановски – Боки 13 како гостин во сопствениот поткаст објасни дека според него – пресудата од пет години била дел од редовен процес и дека тој не се враќал во затвор.

„Добро сум. Тоа е за оној стар случај, какви осудени? Случајот беше поништен, па сега го намалија. Прво бев осуден на девет години, па намалија на пет. Сега е на апелација и тоа не е ништо ново,“ изјави Боки 13 како гостин во сопствениот поткаст, воден сега до Весна Бејби Петрушевска.

На прашањето дали мора повторно да оди во затвор, тој кратко, без многу-многу аргументи и самоуверено одговара: „Не морам пак, не, не, не. Тоа е старо и така се продолжува процесот.“

На ред се правосудните органи, да објаснат дали Боки 13 е во право или го кажа она што сака да биде…