За околу 2.000 се намали бројот на лекарите во Македонија во последниве десет години, беше кажано на денешната панел-дискусија „Пристап до третман и до услуги за рано детектирање“.
-Одливот на лекарите во странство е многу голем. Ако пред 10 години во Македонското лекарско друштво имавме 7.400 лекари, денес сме 5.400, рече проф д-р Горан Димитров претседател на најстарата професионална организација на денешната трибина во Европска куќа во Скопје.
Проф. д-р Димитров беше еден од учесниците на панел-дискусијата „Пристап до третман и до услуги за рано детектирање“, во чест на 4 Февруари, Светскиот ден на борба против ракот.
На 4 февруари се одбележува Светскиот ден на борба против ракот и Европската куќа во Скопје организираше панел-дискусија.
-Кога зборувам во името на Македонското лекарско друштво е тоа дека целата поставеност на здравствениот систем кој носи бреме и од минатото и малата стагнација во воведувањето на нови форми на превенција на ракот, доведоа до тоа да ние во последните десет години да сме некаде и не многу лоши, меѓутоа сме во средината на географската Европа, рече проф. д-р Димитров кој беше еден од учесниците.
Д-р Димитров кажа дека ракот на грлото на матката е еден од оние карциноми чиј број за жал, не опаѓа иако е еден од најпревентибилните болести.