Советникот на американскиот претседател за национална безбедност Џон Болтон денеска изјави дека САД се подготвени да поддржат евентуален договор за територијата помеѓу Србија и Косово, ако истиот биде постигнат.
– Ако двете страни можат да го решат прашањето, ние не исклучуваме територијални измени, посочи Болтон на прес конференција во Киев, по средбата со украинскиот претседател Петро Порошенко.
Болтон истакна дека „САД не можат да се мешаат во спорот помеѓу Косово и Србија“, повторувајќи оти ако Белград и Приштина постигнат договор, со кој двете страни ќе бидат задоволни, тогаш ќе имаат поддршка од Вашингтон.