Единаесет големи објекти се евакуирани во Иркутската област заради соопштенија за поставени експлозивни направи.
– Во моментот е познато за 11 објекти во Иркутската област каде се добиени дојави за закани за бомби, и таму се спроведува евакуација, изјави извор од безбедносните служби.
Регионалното Министерство за здравство соопшти дека во градот Иркутск и Иркутскиот регион се евакуирани вкупно шест болници заради дојави за експлозивни направи.
Ангажирани се соработници на Федералната служба за безбедност, полицијата и Министерството за вонредни ситуации.
Специјалните служби проверуваат објекти на владата и Парламентот на република Буратија и на градските власти на Улан Уде заради сигнали за бомби, додаде изворот.
Евакуација заради бомбашка закана е извршена и во објектот на градските власти на Чита. Се проверуваат и објекти и административни згради во градовите Јакутск и Благовештенск.