Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, го повика Израел да ја повлече одлуката за забрана на Агенцијата за помош и работа на ОН за палестинските бегалци, нарекувајќи го тој потег „глупост“.
„Забранувањето на УНРВА и етикетирањето на таа организација како терористичка, што не е, значи таргетирање на регионалната стабилност и човечкото достоинство на сите оние кои имаат корист од работата на агенцијата на ОН. Ние се придружуваме на многу партнери во повикувањето на израелската влада да го запре ова глупости“, објави Борел на платформата Х.
Во понеделникот, израелскиот Парламент прелиминарно одобри нацрт-законот со кој УНРВА, главната хуманитарна агенција на ОН за Палестинците, се прогласува за терористичка организација и се предлага да се прекинат сите односи со агенцијата.