Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел, изјави дека неограниченото партнерство на Кина со Русија и воената поддршка на Северна Кореја „ја поттикнуваат агресијата на Руската Федерација против Украина“ и ја поткопуваат Повелбата на ОН.
„Разговаравме со НАТО сојузниците и индо-пацифичките партнери за нашите заеднички безбедносни предизвици. Нашата безбедност е меѓусебно поврзана“, напиша Борел на Икс (поранешенТвитер).
Борел претходно на Самитот на НАТО во Вашингтон рече дека ЕУ поддржува само еден мировен план за Украина – формулата за мир на претседателот Володимир Зеленски.