Европа е градина, а остатокот од светот е џунгла, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Жосеп Борел.
Тој предупреди дека „џунглата може да ја нападне градината и дека градинарите ќе мораат да одат во џунглата за да ја заштитат градината“. Тој ги изнесе овие свои видувања при обраќање на церемонијата на отворањето на Европската дипломатска академија во Бриж во Белгија.
– Европа е градина. Ние изградивме градина. Колективните дела се најдобрата комбинација на политичка слобода, економски просперитет и социјална кохезија што човештвото успеа да ја изгради. Има три работи заедно и тука мостовите можат да бидат приказ на убави нешта, интелектуален живот и благосостојба. Остатокот од светот всушност не е градина. Поголемиот дел од остатокот од светот е џунгла, а џунглата може да ја нападне градината. Градинарите треба да се грижат за тоа, сликовито опиша Борел.
Натаму Борел продолжи со ист метафоричен тон:
– Но, градинарите нема да ја заштитат градината со подигнување ѕидови. Мала градина опкружена со високи ѕидови за да се спречи влегувањето во џунглата не е решение. Бидејќи џунглата има силна способност да расте, ѕидот никогаш нема да биде доволно висок за да заштити градината. Градинарите мора да одат во џунглата. Европејците мора да бидат многу повеќе ангажирани со остатокот од светот. Остатокот од светот ќе не нападне со различни средства, поентираше Борел.
Видеото може да го отворите ТУКА.