Поранешниот шеф на британската дипломатија, поддржувач на Брегзитот и гркофил, Борис Џонсон во колумна за „Телеграф“ се осврнува на кризата во Грција велејќи дека станува збор за „извршување наредби од кредиторите“,

Тој додава дека ако некој гледа како се полни рестораните во Грција ќе добие впечаток дека е готово со кризата, тој сепак истакнува дека тие што мислат така „мора да испиле премногу рецина“ (вид бело вино).

Џонсон го објаснува и модерниот европски наратив, кој, според него, оди вака: „Сега можете да го следите модерниот про-европски наратив, во кој добриот е господин Драги (шеф на Европската централна банка) и оти тој нашол решение, дека еврото сега е здраво и оти земјите од Медитеранот се на пат кон опоравување. И може да се прашувате дали се во право кога велат привременото опоравување на еврото покажува дека Велика Британија може да има доверба во Брисел – и покрај тоа што ние немаме никакво влијание во донесувањето такви одлуки“.

Клучната поента, која е и лекција за Македонија, ја кажува на крајот Џонсон кога вели: „Дали е тоа заклучокот кој сте го донеле по една недела размислување и сте добиле сончаница? Или можеби сте испиле премногу рецина. Еврокризата не е завршена. Единствената валута останува катастрофална и е многу веројатно оти еден ден ќе клапне. А, во меѓу време, грчкото искуство е лекција за апсолутно лудило една земја да дозволи такво малтретирање од преговарачите на ЕУ.