Група бегалци и мигранти во знак на протест за условите во прифатниот центар во кој што се сместени го блокираа едниот правец на автопатот Атина –Ламиа на околу 44 километри од грчкиот главен град.

Како што јави МИА од Атина, според грчките медиуми, бегалците и мигрантите, меѓу кои и семејства со мали деца, протестираат поради тоа што кампот се поплавил по силниот дожд што ја зафати областа, а блокадата создаде проблеми во сообраќајот во правец кон градот Ламиа.