Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека Вашингтон ги зајакнува своите воени сили на Блискиот исток и изрази стравување дека САД се подготвуваат за можен напад врз сириските владини сили.

Според руските медиуми, портпаролот на Министерството за одбрана Игор Конашенков изјавил дека на 25 август во Средоземното Море впловил американски разорувач вооружен со крстосувачки ракети „томахавк 28“, кои можат да ја погодат секоја цел во Сирија.

– САД продолжуваат да ја зајакнуваат групата носачи на крстосувачки ракети на Блискиот исток како дел од подготовките за уште една провокација во провинцијата Идлиб, која ќе биде претставена како наводна употреба на хемиско оружје, рекол Конашенков.