Поранешниот премиер на Велика Британија, Борис Џонсон изјави дека нема сомнеж оти кандидатот на Републиканската партија на претстојните претседателски избори во САД, Доналд Трамп, ќе продолжи да ја поддржува Украина.
– Разговаравме за Украина и не се сомневам дека ќе има силна и решителна поддршка за таа земја и одбрана на демократијата, напиша Џонсон на својот профил на мрежата Икс, каде објави и фотографија од него и Трамп.
Џонсон се сретна со Трамп на маргините на републиканската национална конвенција во Милвоки.
Фото: Икс