Лидерот на бугарската партија ГЕРБ, Бојко Борисов бара од Христијан Мицкоски да се почитуваат меѓународните договори кои се дел од преговарачката рамка на ЕУ.
Тој изјави дека и покрај добрите односи меѓу него и партнерите во ЕУ, договорите мора да се почитуваат.
– Какви било толкувања не се добри за колегите од С. Македонија, вели Борисов.
Тој за бугарските медиуми изјави дека ќе иницира средба со Мицкоски доколку формира влада и стане старо-нов бугарски премиер.
– Без нашата и поддршката на Грција, РСМ немаат шанси за (влез во) ЕУ. Сега треба да бидат одговорни. Како што ја добија нашата поддршка, можат и да не сметаат на неа, категоричен бил Борисов.