Македонскиот великан Гоце Делчев е „бугарски револуционер и македонски комита“ за поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов
– Денес се навршуваат 151 година од раѓањето на големиот бугарски револуционер и македонски комита Гоце Делчев, кој го даде својот живот за ослободување и автономија на Македонија и Одринска Тракија. Гоце Делчев е симбол на заедничката историја што ги поврзува народите во Македонија а Бугарија и денес, напиша Борисов.
И додека бугарските политичари го присвојуваат македонскиот револуционер Гоце Делчев, кој се борел за самостојна Македонија и оставил аманет неговите коски да почиваат во главниот град на самостојна Македонија, македонските политичари денес стопати во една реченица ја повторуваат придавката северна на „идеологот“ Зоран Заев, а забораваат да ја стават македонски пред идеологот и апостолот на македонската револуционерна борба за самостојна Македонија.
(Д. Г.)