На 4 април оваа година навршуваат 70 години од постоењето на Северноатлантската алијанса во нашата земја, па по тој повод од 3 до 9 април Министерството за одбрана ќе организира НАТО недела.
– Ќе има повеќе активности со кои ќе се одбележи 70-годишнината од основањето на НАТО како и нашиот напредок кон полноправно членство кон алијансата како 30 земја членка, посочи портпаролот на Владата Миле Бошњаковски на денешната прес-конференција.
Бошњаковски информира дека во рамки на НАТО неделата ќе бидат организирани дипломатска дискусија на која премиерот, министерката за одбрана и амбасадорите на земјите членки на НАТО во земјава ќе дискутираат за процесот за ратификација на протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО.
– Ќе бидат организирани и изложба во воениот музеј, панел и промоција на поштенска марка, а ќе има и заеднички концерт на воените оркестри на нашатата земја, на САД, Велика Британија, Словенија и Грција на кои уште еднаш ќе се демонстрира заедништвото на алијансата. Исто така ќе има и отворени настани за граѓаните во повеќе градови низ земјата на кои ќе бидат демострирани капацитетите на армијата, посочи Бошњаковски.