Бугарската православна црква (БПЦ) нема да испрати претставници на прославата на 1.000 годишнината на МПЦ-ОА. Синодот на БПЦ ја разгледал поканата што Архиепископот г.г. Стефан ја испрати до Бугарската Патријаршија и одлучил да не испрати делегација на БПЦ во Охрид.
Бугарските владици, без присуство на Патријархот Неофит гласале двапати и во двата наврата немало доволно број гласови позитивно да одговорат на писмото на МПЦ-ОА.
Русенскиот митрополит Наум бил првиот кој предложил Синодот на БПЦ да не одобри делегација за посета на МПЦ-ОА, а со него се согласиле Ловченскиот митрополит Гаврил, Доростолскиот Амросиј, Западно и средоевропскиот Антониј, Јован од Варна, неврокопскиот Серафим, како и владиците Данаил и Григориј.
Против предлогот на Русенскиот Наум, биле Пловдискиот митрополит кипријан, Старозагорскиот Кипријан и уште тројца владици, Јоаникј, Игнатиј и Григориј.
На истата седница Пловдискиот митрополит Николај предложил и состав на делегација која требало да дојде во Македонија, но и гласањето за овој предлог било идентично, осумина владици биле „против“, а петмина „за“.
Оваа одлука на Синодот на БПЦ е изненадување за јавноста во Македонија, особено во Бугарија, бидејќи Патријархот Неофит неодамна јавно изјави дека ако МПЦ испрати покана, тие ќе испратат своја делегација.