Европската унија планира до 2020 година да формира погранични одбранбени сили со 10.000 војници, објави весникот „Фајненшл тајмс“.
Според документот изработен во Брисел, тие вооружени сили ќе имаат задача да го запираат минувањето мигранти од една во друга земја членка на Унијата, а ќе служат и за забрзано депортирање на мигрантите чии барања за азил ќе бидат одбиени.
– Формирањето на овие сили ќе претставува одговор на демографската динамика и нестабилноста во регионите во соседството на Европа, пишува во документот што го изработила Европската комисија.
Силите ќе бидат поставени под Европската служба за гранична и крајбрежна одбрана што беше формирана во 2016 година.