На свечената церемонија пред Владата по повод поставувањето на знамето на НАТО денеска меѓу присутните не беше поранешниот претседател на Македонија, екс премиер и лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски.

Во првиот ред седат Љубчо Георгиевски, Хари Костов, Владо Бучковски и Мендух Тачи. Забележливо е едно празно столче и се претпоставува дека било наменето за Бранко Црвенковски. Освен него, „оправдано“ отсутен е и Никола Груевски, кој доби политички азил во Унгарија.

Подоцна столчето беше поплнето, но недоаѓањето на Бранко Црвенковски остана забележано.