Општинскиот совет на Братислава има намера да назначи ноќен градоначалник со функција за координирана грижа на словачкиот главен град во ноќта.

Амстердам, Лондон и Прага веќе имаат такви градоначалници кои се одговорни за градот преку ноќта.

Обврските што ќе ги има ќе му бидат да  води преговори со сопственици на ресторани, кафеани и ноќни клубови, формирање правила за ноќен живот во градот како и мерки против зголемена бучавост и други форми на нарушување на јавниот ред.