Вакцинирањето против коронавирусот нема да биде задолжително во Германија, изјави шефот на канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел, Хелгер Браун.
Тој изјави дека вакцинирањето ќе се спроведува врз доброволна основа.
-Секако, добро би било да се вакцинираат што е можно повеќе луѓе, но сите ќе одлучат сами, рече Браун.
Тој кажа дека кога ќе има вакцина, а се надева дека тоа ќе биде наскоро, секој што сака да се вакцинира ќе може тоа да го стори.
-Ако не сакате, тогаш сами ќе мора да го понесете ризикот од заразување, рече Браун.
Тој изрази надеж дека меѓу почетокот и средината на следната година вакцината ќе биде достапна за населението.
Потоа, додаде тој, пандемијата ќе заврши.
-Откако ќе се појави вакцината нема да има веќе ограничувања и ние ќе се вратиме во нормалниот живот, рече Браун.