С. Македонија од безбедносен конзумент стана контрибутор на безбедноста за помалку од 20 години. Ова е најважното достигнување и за С. Македонија и за Северноатлантската алијанса, изјави Баиба Браже, помошник на генералниот секретар на НАТО за јавна дипломатија во интервју за Europe Western Balkans.
-Пристапувањето на С. Македонија во НАТО е резултат на долгогодишна цврста и обострана соработка – со одлучност и посветеност на реформите на властите во С. Македонија, што доведе до јакнење на безбедноста на земјата. Повторно избраниот премиер Зоран Заев беше во седиштето на НАТО. Тоа беше важна можност да се одбележи историското достигнување на земјата. С. Македонија се придружи како суверена држава на силниот Сојуз, со столче на нашата маса и со еднаков глас во обликувањето и донесувањето одлуки, вели Браже.
Посочува дека Македонија, како полноправна членка, продолжува значајно да придонесува кон кооперативните безбедносни напори во многу различни воени жаришта. Додава дека има војници кои служат во Авганистан во рамки на мисијата на НАТО „Одлучна поддршка“, да тренира, советува и помага на авганистанските сили. Исто така, учествува во колективниот напор да ја поддржи нивната финансиска одржливост така што придонесува во доверителниот фонд на НАТО за авганистанската војска. Неодамна исто така се приклучи кон мировната мисија и на Косово.
-Недолго по пристапувањето, С. Македонија можеше да искуси што значи да се биде дел од НАТО така што стана еден од сојузниците на кои им беше потребна поддршка која Ковид-19 ј погоди земјата. Глобалната пандемија јасно покажа дека во вакви времиња, пријателите и сојузниците се поважни од секогаш. С. Македонија не стоеше сама во текот на кризата со коронавирусот, истакнува Браже.
Потсетува дека Координативниот центар за вонредни состојби на НАТО пружи благовремена и координирана помош за земјата каде што ефикасно беше потребна, преку достава на медицински материјал и финансиска помош за да се олесни на државниот здравствен систем и да се спасат животи.
-Кон крајот на октомври С. Македонија доби Ковид-19 пакет помош од новите медицински залихи на НАТО, а тоа вклучуваше 60 респиратори и друга опрема која беше итно потребна во вредност од околу 1,4 милиони евра. Како што кажа генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг „Ова е солидарност на НАТО во акција“, заклучува помошник на генералниот секретар на НАТО за јавна дипломатија, Баиба Браже.