Изборната администрација на Бразил соопшти дека Луис Инасио Лула да Силва од левичарската Работничка партија го победи актуелниот претседател Жаир Болсонаро и стана нов претседател на државата.
По пребројувањето на 98,8 отсто од гласовите, тој освои 50,8 отсто, а Болсонаро 49,2 отсто. Изборните власти објавија дека победата на Силва е математички сигурна.
Да Силва, поранешен претседател на земјата од 2003 до 2010 година, вети дека ќе го врати попросперитетното минато на земјата, но се соочува со пречки во поларизираното општество.
Тоа е неверојатно враќање на власт за 77-годишниот Да Силва, бидејќи неговата затворска казна во 2018 година поради корупциски скандал му забрани да се кандидира на изборите таа година и го отвори патот за победата на тогашниот кандидат Болсонаро и четиригодишната екстремно десничарска политика.