Бразил во последните 24 часа регистрира 2.233 смртни случаи од Ковид-19, со што втор ден по ред бројот на починати надмина 2.000, а регистрирани се 75.412 новозаразени, соопшти синоќа Министерството за здравство.
Во јужноамериканската земја од почетокот на пандемијата имало 11.2777.717 случаи на коронавирус, а Министерството за здравство соопшти дека официјалниот број на смртни случаи се искачи на 272.889. Тоа е трет најголем број на заразени во светот по САД и Индија, и најсмртоносен надвор од САД.
Болниците во главните градови на бразилските сојузни држави го достигнуваат својот капацитет, предупредија здравствените власти, а Бразил регистрира најголем број смртни случаи од Ковид-19 во светот во текот на минатата недела.