Тренерот на Металург, Данило Брестовац рече дека поразот синоќа на гостувањето кај Нексе можеше да биде избегнат ако во завршницата неговите избраници одиграа повнимателно.

– Им честитам на Нексе и на мојот колега Хорват за победата. Во решавачките моменти тие беа посконцентрирани, за разлика од моите ракометари, кои беа нервозни. Сепак, повторно велам дека имаме добар тим и добра иднина. Верувам дека многу подобро ќе играме во вториот дел од сезоната, истакна предводникот на тимот од Автокоманда.

Металург загуби со 26:23 и остана на само една победа и еден нерешен резултат во 12-те СЕХА дуели оваа сезона.

Вториот македонски претставник во регионалното ракометноп натпреварување, тимот на Вардар, попладне од 17:30 часот гостува во Букурешт кај Стеауа.