Лидерите на ЕУ разгледуваат планови за испраќање на мигрантите пресретнати во Средоземното Море во мигранстки центри надвор од територијата на Унијата, што укажува на промена на европскиот пристап кон прашањето за миграцијата, оценува лондонски „Фајненшел тајмс“.
Според весникот, овие центри би биле користени за раздвојување на економските мигранти од лицата на кои им е потребна меѓународни заштита, бидејќи доаѓаат од конфликтни зони.
Предлогот за отворање на ваквите мигрантски центри надвор од територијата на ЕУ ќе биде разгледуван на претстојниот самит на шефовите на држави или влади на Унијата, тврди „Фајненшел тајмс“, повикувајќи се на предлог-текстот за завршниот документ од средбата.
Весникот оценува дека ваквиот предлог доаѓа во време на зголемени тензии во Европа околу прашањето за миграцијата, откако минатата недела новиот италијански министер за внатрешни работи Матео Салвини одби да му дозволил влез во Италија на брод што превезуваше на 600 мигранти претходно спасени во водите на Средоземното Море во близина на бреговите на Либија.
Во исто време, германската канцеларка Ангела Меркел се соочува со криза во нејзината владина коалиција поради несогласувањата околку мигрантската политика. Меркел се соочува со незадоволства на најмалиот партнер во германската Влада, баварската Христијанско социјална унија (ЦСУ), која и даде рок од 10 дена за постигнување европски договор за ограничување на миграцијата, за кои членките на ЕУ не успеваат да се договрат веќе со години.
Сепак, според лондонскиот весник, предлогот за отворање на мигрантски центри надвор од територијата на Унијата може да наиде на правни пречки, бидејќи европската регулатива забранува префрлање на лица во земји кои се сметаат за небезбедни. Но, лидерите изразија подготвеност да разговараат на таканаречената Даблинска регулација.