Белгискиот главен град повторно се соочува со огромен раст на новозаразени од Ковид-19 и покрај доброто темпо на вакцинација, голем дел од нив се лица вратени од одмор во странство, јави дописничката на МИА од Брисел.

Властите на градот Брисел информираат дека од почетокот на месец јули една третина од новозаразените се лица што се вратиле од одмор во странство.

Околу десет илјади лица неделно се враќаат од одмор во црвена зона неделна, од нив .неделно од зона со висок ризик, сметаат властите. Станува збор главно за луѓе кои се враќаат од Шпанија, земја која повторно е во црвена зона. Само минатата недела 11 илјади лица се вратиле од одмор во Шпанија, четири отсто биле позитивни.

Властите бараат од граѓаните на враќање од одмор веднаш да се тестираат за Ковид-19 за да се спречи ширењето на вирусот.