Британскиот премиер Борис Џонсон предлага зајакнување на источното крило на НАТО, за што планира испраќање борбени авиони „Тајфун“ за патролирање на воздушниот простор на Бугарија и Романија и воен брод во Црното Море.
Тие ќе дејствуваат од Кипар, каде Велика Британија има две воздушни бази, јави бугарскиот весник „Дневник“.
Како што пренесува дописникот на МИА од Софија, дел од пакетот со кој Лондон се приклучува на демонстрациите на солидарност на Алијансата во растечките тензии околу руската армија околу Украина ќе вклучи и двојно зголемување на британската војска во балтичките републики, како и распоредување на еден од најмодерните во светот бродови за против-воздушна и против-ракетна одбрана.
Се очекува британскиот премиер Борис Џинсон денеска телефонски да разговара со Владимир Путин, по што ќе посети неколку источноевропски земји.
Британската шефица на дипломатијата,Лиз Трас, во следните две недели ќе ги посети Украина и Русија. Истовремено, британскиот министер за одбрана, Бен Валас, ќе ги посети Унгарија, Словенија, Чешка и Хрватска и е подготвен за средби во Москва.