Со посебен авионски лет од Велика Британија синоќа се трансферирани во Тирана 23 албански осуденици, во согласност со договорот меѓу двете земји за трансфер на затвореници.
Меѓу нив најмногу се лица осудени за шверц со дрога, останатите се за киднапирање, силување и еден за педофилија. Само еден е без дозвола за престој во Велика Британија.
– Овие лица се одговорни за повеќе грозоморни злосторства, вклучувајќи силувања, насилен криминал и сериозни прекршоци со дрога. Тие ги прекршија нашите закони и вредности и ги оставија своите жртви да живеат со рани од злосторствата што им ги направија. Нашата Влада ќе ги искористи сите расположливи средства за да ги депортира странските државјани кои извршиле кривични дела против нашите граѓани, изјави министерка на британското министерство за внатрешни работи Прити Пател.
Тоа е втора група по онаа од минатиот месец кога беа трансферирани 190 албански државјани, осудени за разни кривични дела во Обединетото Кралство.