Британската полиција денеска соопшти дека уапсила маж откако автомобил влетал во влезната капија на Бакингемската палата во центарот на Лондон.

Сликите на социјалните мрежи покажаа автомобил пред капијата на палатата, а британските медиуми цитираа сведок кој вели дека слушнал „гласен удар“. Полицијата соопшти дека тоа се случило вчера наутро.

-Вооружените полицајци уапсија маж на местото на настанот под сомнение за намерно оштетување на туѓ имот. Тој е пренесен во болница. Нема пријавени повреди, се вели во соопштението на лондонската полиција, додавајќи дека се уште се истражуваат фактите и околностите на случајот. .

Според соопштението на Бакингемската палата, во моментот на инцидентот немало членови на кралското семејство, а оштетувањата моментално се санираат.

фото: МИА архива