Повеќе од 50 британски бизнис челници потпишаа писмо во кое бараат да се организира ново гласање за конечните услови за Брегзит, а кое ќе биде објавено во весникот Сандеј тајмс.

Во писмото не се споменува втор референдум. но се нагласува дека „конечниот избор“ треба да се врати на одлучување на избирачите.

Писмото ќе биде објавено во Сандеј тајмс, а меѓу неговите потписници се директорот на синџирот книжари Ватерстоунс, Џејмс Даунт и поранешниот шеф на супермаркетите Саинсбурис, Џастин Кинг, јави Скај њуз.

Бизнисменитте нагласуваат во писмото дека предлозите за брегзит нема да донесат трговија без пречки за Лондон по напуштањето на ЕУ, вели извор за Скај њуз.