Британското Министерство за одбрана предупреди на шеми за регрутирање поранешни британски воени пилоти за обука на кинеската војска, јави ДПА.

Тие тврдат дека кинеските власти сакаат со големи суми пари да привлечат поранешни британски воени пилоти, за да го пренесат своето знаење на кинеската армија. Се наведува дека околу 30 поранешни британски воени пилоти веќе заминале да обучуваат припадници на кинеската армија, јавува Би-Би-Си.

Министерството апелира до воените пилоти да не влегуваат во вакви договори со кинеската армија, иако додаваат дека со тоа не ги прекршуваат законите на Велика Британија.

– Кина нуди многу атрактивни суми. Парите се моќен мотиватор, изјави претставник на Министерството, пренесува Би-Би-Си.

Се смета дека на некои поранешни пилоти им се нудат повеќе од 230.000 фунти.

Засега нема докази дека некој од пилотите го прекршил Законот за службени тајни или сторил какво било кривично дело.

Британското Министерство за одбрана издаде предупредување до пилотите да престанат да учествуваат во такви активности.