Британскиот лингвист Џорџ Кемпбел во својата „Збирка на светските јазици“ (Compendium of World Languages), прв пат издадена во 1991 година, го наведува основниот факт дека македонскиот и бугарскиот ја сочинуваат источната гранка на jужнословенските јазици.
Во објаснувањето за македонскиот јазик, Кемпбел пишува дека тој припаѓа во Јужнословенската група и дека над еден милион жители во Република Македонија го говорат овој јазик.
„Се проценува дека половина милион Македонци живеат во Грција и Бугарија,“ додава Кемпбел, алудирајќи дека и во деловите на Македонија под власт на тие две држави се говори македонски јазик.
Во објаснувањето пак за бугарскиот јазик, Кемпбел го наведува историскиот факт дека Бугарите се турски (турански) народ чијшто јазик припаѓа на тнр. група на Западни Хунски јазици.
Кемпбел понатаму пишува дека Бугарите во 7 век се населиле на Балканот (но никогаш во Македонија – з.н.) и постепено го прифатиле словенскиот јазик.
„Од тој вистински бугарски јазик денес останало само името,“ пишува тој.
Како заклучок: Македонскиот јазик е автохтон и е продолжеток на тнр. „словенски“ јазик кој потекнува од Македонија. Бугарскиот јазик пак е туркски и неговите корени се во Азија. Тој јазик веќе не постои, но уште рано во своето постоење од него се издвоил чувашкиот јазик кој и денес се говори во Република Чувашија во Руската Федерација.
Денешниот пак „бугарски“ јазик отпрвин бил наречен „словено-бугарски“, а подоцна официјално и само бугарски откако бил издигнат на ниво на литературен јазик.
Џорџ Кемпбел е меѓународно признат лигвист и полиглот кој кариерата ја поминал во БиБиСи како шеф за јазици (language supervisor). Ги основал сервисите на БиБиСи на турски, грчки, романски и на неколку други јазици.
Течно зборувал и пишувал на 44 јазици, а познавал и 20-тина други јазици, заради што е наведен во Гинисовата книга на рекорди. Бил официјален библиотекар во Школата за Словенски Студии при Универзитетскиот Колеџ во Лондон. Дипломирал на универзитетите во Лајпциг и Лондон.
ИЗВОР: George L. Campbell, “Concise Compendium of World Languages,” Routledge, Taylor & Francis Group, London and New York, 1995, pgs. 92, 319, 534.