Влез на руски авиони во британскиот воздушен простор од денеска ќе се смета за кривично дело, изјави британскиот министер за транспорт Грант Шапс.
– Ќе ја задушиме способноста на пријателите на Путин да продолжат да живеат нормално додека илјадници невини луѓе умираат, напиша Шапс на Твитер.
Во писмо до „сите британски аеродроми“, Шапс им наредува на контролорите на летање „да не дозволуваат пристап на кој било авион за кој имаат причина да веруваат дека е руски авион“.