Британското движење кое се спротиставува на економската политика на владата, повика синоќа за национални протести во Лондон в сабота.
Станува збор за организацијата Национално собрание (People’s Assembly) која ги повика учесниците да носат жолти елеци. Тие повикаа на протести и во други градови во Велика Британија во следната недела.
Барањата им се предвремени парламентарни избори на кои ќе биде соборена од власт Конзервативната партија.
– Не заборавајте жолт елек, гласи пораката на движењето испратена преку Фејсбук.